fbpx

Грковска: Криминалците се жилави во изигрување на законот

„Праксата покажува дека поради постоечките празнини во легислативата недоволно се санкционира коруптивното и криминално постапување, дури и во случаи кога криминалот е очигледен, а имотот несразмерен на законски стекнатите приходи“, рече Грковска

-

Криминалците се жилави во изигрување на законот и мора да работиме на минимизирање на просторот за маневри кога станува збор за избегнување на одговорност и зачувување на криминално стекнатиот имот, истакна денеска заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, на јавната расправа за предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка, која се одржува во Клубот на пратеници.

Таа посочи дека носењето на едно вакво законско решение е неопходно во нашиот систем како дополнителен антикорупциски механизам.

„Праксата покажува дека поради постоечките празнини во легислативата недоволно се санкционира коруптивното и криминално постапување, дури и во случаи кога криминалот е очигледен, а имотот несразмерен на законски стекнатите приходи“, рече таа.

Предлог Законот за конфискација на имот во граѓанска постапка цели кон заштита на јавниот интерес на Република Северна Македонија на начин што се оневозможува каква било корист од имот, за кој, во постапката согласно овој закон, ќе се утврди дека не бил стекнат од законски извори. Со овој закон се ограничува правото на сопственост во согласност со Уставот, законот и меѓународните стандарди и праксата на ЕСЧП за овој вид на конфискација.

Истакнувајќи ги придобивките од законот, вицепремиерката Грковска нагласи дека тој не претставува замена за конфискацијата во кривична постапка, туку е дополнителен помошен инструмент и механизам. Таа дополни дека особено е важно што со законот се предвидува можност конфискуваниот имот во граѓанска постапка да биде даден на користење за остварување на социјалните потреби и цели во општеството.

„Ние сме мала земја, со многу јавни тајни, а многу малку разрешници. И тоа придонесува за уште поголемо чувство на немоќ на обичниот граѓанин, но и драстично ги изместува клучните вредности во заедницата. Па така доаѓаме до ситуации кога тие што отворено ги манифестираат плодовите на својот криминал, да бидат рол модели за нашите млади. И токму оваа фактичка ситуација треба да ни биде најголемиот мотив за да го подобриме пристапот и механизмите во справувањето со корупцијата и организираниот криминал и да воведуваме конкретни алатки со кои оваа борба ќе стане поуспешна и со повидливи резултати“, изјави Грковска.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Народната банка додели награди на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството

Народната банка, на денот на монетарната независност, 26 април, ја одржа годишната свеченост за доделување на наградата на млади истражувачи од областа на макроекономијата и банкарството. Овогодинешниот победник беше Никита...