fbpx

Претседателот Пендаровски покровител на националната иницијатива „2023, година во чест на Ацо Шопов“

-

Вчера во преполната сала на Кинотеката, беше одбележана стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов. На настанот насловен како „Ацо Шопов – Невообичаено“, неговиот лик и неговото дело повторно заживеаја преку повеќе неконвенционални и нестандардни медиумски формати. Бројните поклоненици на вредностите на македонската култура и љубителите на поетскиот збор, вчера имаа можност повторно да се сретнат со творештвото на Шопов, на еден невообичаен начин.

Во присуство на претседателот на државата, Стево Пендаровски, покровител на националната иницијатива „2023, Година во чест на Ацо Шопов“ како и на бројни претставници на нашите културни и научни институции и на дипломатскиот кор, беа промовирани три нови книги: „Од онаа страна на Небиднината“ („Дијалог“) од Иван Антоновски, „Песна над песните“ („Сигмапрес“) приредена од Јасмина Шопова и графичкиот омнибус „Небиднина – Not-Being“ („Флип Бук Букс“) од Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски.

Книгите се објавени со поддршка на Министерството за култура, на Делегацијаta на Европската Унија во РС Македонија и на фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“.

Во својство на претседател на фондацијата, Светлана Шопова упати до јавноста зборови исполнети со емоции, но и со гордост што јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, нејзиниот животен сопатник, се чествува на достоинствен начин, со настани со богати содржини, со три книги објавени во странство и сега уште три објавени во Македонија.

„Ацо беше голем поет и голем човек, голем патриот и голем граѓанин на светот и дека за него татковината била „светот во минијатура, а светот една поширока татковина“. Тоа се препознава во секој негов напишан збор, па затоа и годинава, тој се чествува по сите меридијани, од Македонија до Американскиот континент, преку Франција, Полска, Тунис, а се разбира и во нашиот регион, од Словенија до Турција, преку Хрватска, Унгарија, Србија“, рече Шопова.

Таа му е соговорник на Иван Антоновски во книгата „Од онаа страна на Небиднината“, во издание на „Дијалог“, на чија корица доминира луцидниот поглед на Шопов, овековечен во неговиот портрет од реномираниот македонски сликар Танас Луловски. Како што оцени универзитетката професорка и книжевна критичарка, Лидија Капушевска-Дракулевска, оваа книга е прослава на дијалогот низ кој се исцртува портретот на македонскиот класик, oд еден непознат досега агол.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Србин измамен во центарот на Скопје, одземени му биле 300 евра

С.А.(63) од Србија вчера во полициска станица пријавил дека бил измамен од две лица од кои бил пресретнат околу 10.30 часот на подрачјето на Центар, информира МВР. Според пријавеното, едното...