fbpx

Заев за 27 април: Во нивните очи се гледаше чисто зло и намера за одземање човечки живот

-

Денеска, после една година од упадот во Собранието на 27 април, се уште не можам да прифатам дека некои од тие насилници биле подготвени и за ликвидација на некои од членовите на Собранието, рече премиерот Зоран Заев на заедничка прес-конференција во Собранието заедно со претседателот на законодавниот дом Талат Џафери.

Тој рече дека дел од пратениците наместо да ги отворат вратите на правната држава и реформите тие ги отвориле вратите на насилството. Тоа што се случи тој ден, вели Заев, се очајнички постапки на насилство.

-Во нивните очи се гледаше чисто зло и намера за одземање човечки живот. Тоа што се случи тој ден се постапки на очај и алчност на оние кои беа подготвени да се задржат на власт по секоја цена. Тоа не беше напад против нас туку против секој граѓанин. Нивните постапки не беа само криминал туку беа предавство – рече Заев и додаде дека на овој ден стои гордо исправено во домот на граѓаните.

За да не се случи голема трагедија, вели Заев, помогнале разумот и храброста на дел од пратениците. Тој во тие моменти рече дека видел силна желба за живот на пратениците, новинарите, на членовите на полицијата, но и гордост, верба и одлучност да се оттурне злото.

-За да не ескалира насилството помогна и присебноста на поголем дел од граѓаните на Македонија затоа што во такви моменти малку треба да се поттикне реакција и да се судрат брат со брат. Како ваш брат, пријател, татко и другар ја почувствував вашата грижа, се боревме и го надминавме стравот. Не можевме да си дозволиме да бидеме кукавици пред лицето на насилството. Денеска сите вложуваме напор оваа траума да ја оставиме зад нас, но катарзата мора да помине низ правосудниот систем. Тоа е единствениот начин да ја дознаеме целата вистина. Инспираторите, организаторите и насилниците треба да се соочат со правдата. Така ќе направиме единствената слика за овој настан да биде сликата за слободата. Нека 27 април биде сликата за Македонија која се бори за својата слобода – вели Заев.

Според него, тие што го организирале и извршиле насилството не биле ни свесни дека всушност со тоа го забрзале доаѓањето на слободата во земјата.

-Во зрела демократија насилството никогаш не може да биде одговор. Омразата и насилството никогаш повеќе да не се повторат. Наша заедничка вредност е да се почитуваме едни со други. Како премиер ве повикувам да се ослободиме од болката од минатите години и да градиме заедничка иднина и живот за сите – додаде Заев.

Спикерот Џафери рече дека може да им прости на сите кои биле вмешани во упадот но дека никогаш нема да дозволи такво нешто да се повтори.

-Нема да се дозволам такво нешто да се повтори. За разлика од тогаш кога вратите насилно се отворија, денеска после година дена, вратите на собранието се физички отворено за оние добронамерници кои што имаат намера да го посетат. Им благодарам на оние припадници на МВР кои што беа со нас, беа присебни и професионални за да ги заштитат нашите животи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...