Премиерот Зоран Заев и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, се сретнаа со членови на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина кои заедно со Министерството за животна средина и просторно планирање соработуваат за заштита и подобрување на состојбите во овој сектор.

На средбата, како што информираат од Владата, премиерот Заев изразил подготвеност и волја за продолжување на заложбата на Владата за соработката со граѓанскиот сектор во насока на размена на идеи и ставови при операционализација на политиките за различните области од животната средина.

„Претставниците на Координативното тело, на состанокот претставија дел од своите сугестии кои се однесуваат на различни сектори од животната средина, водата, обновливите извори, квалитет на воздухот, отпадот како и ставови за подобрување на законската регулатива, во согласност со ЕУ регулативите. На работниот состанок беше договорено, претставниците на Координативното тело на граѓански здруженија за животна средина до премиерот Заев и заменик-министерот Макрадули да испратат писмо во кое ќе ги сублимираат сите конкретни иницијативи кои се однесуваат на секторот заштита на животната средина“, соопштуваат од Владата.