fbpx

Заев: Регуларни избори се интерес на земјата и од тоа отстапки нема

-

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со делегација на ОДИХР, предводена од вишиот советник за избори, Ричард Лапин.

Потребата од фер избори во Македонија беше главна тема на разговорот, a oчекувањата се однесуваат на промени на изборното законодавство, доверлив избирачки список и целосна реализација на Договорот од 2 јуни и од 15 јули.

Заев изјави дека СДСМ е сериозно посветен на брзо затворање на точките од Договорот што треба да обезбедат регуларни избори.

– Тоа е интерес на граѓаните на Македонија и од тоа нема да отстапиме. Ако нема регуларни избори, тоа сериозно ја загрозува иднината на државата и на граѓаните – рече Заев.

На средбата, исто така, е констатирано дека се неопходни брзи промени во медиумската сфера, поради лошите состојби со пристрасноста на медиумите констатирани во повеќе меѓународни извештаи, меѓу кои и во извештаите на ОБСЕ/ОДИХР и на ЕУ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.