fbpx

Заев оптимист за економијата, предвидува четири проценти пораст на БДП во првиот квартал

-

Премиерот Зоран Заев очекува економски пораст од над четири проценти во првиот квартал годинава и надминување на проекциите за раст од 3,2 проценти за целата година.

Оптимизмот го темели на порастот на индустриското производство во првите два месеца од годинава за 11, односно седум проценти, растот од 312 проценти на капитални инвестиции во државни патишта, како и на растот на извозот од зоните за 25 проценти во првиот квартал.

– Во полн интензитет е и гасификацијата, железницата е целосно ослободена, тоа се 75 проценти од капиталните инвестици во државата, а останатите 25 проценти ги придвижуваме во деловите за канализации, градинки и училишта. Само со засукани ракави и добра работа можеме да ги пробиеме дури и проектираните параметри – изјави Заев одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата „Предизвиците и искуствата за националната економија во пресрет на процесот на отпочнување на преговорите за влез на земјата во Европската Унија“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...