fbpx

Завршени ДНК анализите на загинатите во авионската несреќа кај Солунска Глава

-

Завршени се ДНК анализите на Институтот за судска медицина и во моментот се договара транспортот на телата на четворицата бугарски државјани, кои завчера го загубија животот во авионската несреќа што се случи кај Солунска Глава, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

– Истрагата ја спроведува независната Комисија за авионски несреќи и сериозни инциденти и сите насоки ги даваат тие и во однос на подигањето на остатоците од авионот. МВР е подготвена и во овие услови тоа да го изведе, меѓутоа чекаме наредба од оваа институција – изјави Спасовски по денешното одбележување на 15 години од формирањето на МАРРИ Регионалниот центар.

Претседателот на Комитетот за истраги на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти (КИВНСИ), Зоран Илиевски, вчера информираше дека остатоците на авионот ќе бидат подигнати веднаш штом тоа ќе го дозволат временските услови. Во истражниот тим за уривањето на „цесната“ ќе се приклучат и двајца бугарски истражители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...