fbpx

Заев ќе продолжи со „бомбите“ од понеделник

-

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, од понеделник ќе продолжи да ги објавува „бомбите“, пишува „Кирилица“.

Заев во интервјуто, кое наскоро ќе се објави на порталот, открива дека нема да прекине со објавување на снимките ниту за време на преговорите што во среда треба да продолжат во Брисел. Сепак, снимките што ќе се објавуваат ќе бидат внимателно селектирани за да не ги загрозат преговорите.

– Ќе внимаваме на сензитивноста на објавените аудиоматеријали. Нема да може да бидеме обвинети дека го загрозуваме преговарачкиот процес, а тоа и не го сакаме. Мора да продолжиме со обелоденување на вистината за злоупотребите што ги вршела власта. Ќе чуеме разговори од кои ќе стане јасно како се вршеле манипулации и местенки во разни невладини организациии, граѓански здруженија, како се местеле први луѓе и што се правело во Фудбалската федерација на Македонија, на ректорати на универзитетите и на факултети и слично – вели Заев во интервјуто.

Во меѓувреме, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во интервју за телевизијата „Алсат-М“, изјави дека на лидерската средба со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан било договорено да не се објавуваат „бомби“ до 10 јуни.

– Според договорот, нема да се објавуваат повеќе „бомби“. Јас нема да прејудицирам за 10 јуни, бидејќи се надевам дека ќе го почитува тој договор во кој се вели дека нема да има „бомби“ до 10 јуни. Се надевам дека нема да има ниту по 10 јуни – рече Ахмети, додавајќи дека со „бомбите“ се нарушува угледот на земјата пред меѓународниот фактор.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Погрешно се тврди дека еден од осомничените за нападот во Москва е чеченскиот милитант Ажиев

Човекот на фотографијата, кој од страна на руските власти беше идентификуван, приведен и изведен пред суд како осомничен за терористичкиот напад во Москва, е Далерџон Мирзоев, државјанин на Таџикистан...