fbpx

Заев: Груевски се бори за парите да влезат во „фамилијата“, а ние – кај граѓаните

-

„Не може Македонија да ја има најбогатата партија во Европа и најсиромашните граѓани на Балканот. Додека Груевски се бори парите од граѓаните да влезат во „фамилијата“, нашата борба е парите да влезат во џебот на граѓаните и тоа така ќе биде по 11 декември во Република Македонија“, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на денешната прес-конференција со носителот на листата во правата изборна едница, Стево Пендаровски.

– Преку мерките за зголемување на социјалната помош, преку правичното оданочување, преку повраток на 15 отсто од данокот за додадена вредност на граѓаните, ќе се враќаат парите на многу внимателен и сериозен начин. Преку ваквиот концепт, наша цел е граѓаните да бидат побогати во Македонија – изјави Заев.

Тој додаде дека две главни цели сакаат да се постигнат со овие мерки: побогати граѓани и намалување на социјалните разлики во Македонија. Според Заев, од овие две мерки зависи севкупниот квалитет на граѓаните во Република Македонија.

Пендаровски рече дека не е можна економски силна држава и граѓани без да постои постои правна држава.

– Имате случај како Македонија во кој не постои правна држава, а постои екстремно богата фамилија и сите други се сиромашни или екстремно сиромашни. Апсолутен приоритет по победата ќе биде правната држава да биде вратена, да биде функционална, бидејќи Македонија денес не е правна држава. Tоа може да се оствари ако правото биде неселективно применувано. Многу е важно дали сте член на „фамилијата“, дали сте член на владејачката партија, дали сте од оваа или онаа политичка припадност. Тоа нема да биде важно по победата на 11 декември затоа што ќе одговараат сите што го прекшиле законот, апсолутно не е битно дали се членови на владејачка партија или на чија било фамилија или дали се блиски или не се блиски до некој центар на моќ – рече Пендаровски.

Втора работа што е поврзана со правната држава и со неселективното применување на правото што е приоритет за опозиционата коалиција по добивањето на власта, според Пендаровски и СДСМ, ќе биде враќањето на сето она што е украдено од македонските граѓани.

– Знаеме дека постојат резерви, дека е тоа тешко и дека во други држави тоа не се реализирало, но, верувајте ми, има многу примери во светот во кои тоа е успешно направено, каде по падот на диктатурите најголемиот дел од украденото богатсво на народот е вратено назад. Само еден услов постои за тоа, да постои јасна политичка волја кај политичките фактори кои се на власт да го направат тоа, а ако има волја, тоа ќе се направи – изјави Пендаровски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израелскиот премиер Нетанјаху вели дека нападот на Рафах ќе се случи со или без договор

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел ќе започне воена инвазија на градот Рафах во јужниот дел на Газа без оглед на преговорите за примирје со Хамас, пишува Би-би-си. Oва...