fbpx

Заев ги повика граѓаните да не учествуваат на нелегитимните избори на 5 јуни

-

СДСМ и коалициските партнери ја потпишаа платформата за демократска Македонија, за враќање на слободата и на демократијата.

Со потпишувањето на платформата, партнерите се обврзаа заедно и бескомпромисно да дејствуваат, како што велат, во одбрана на правдата, вистината и на иднината. Од партиите велат дека платформата ги содржи демократските начела и принципи во кои тие веруваат и велат дека нема да отстапат додека тие не бидат исполнети.

По потпишувањето, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, рече дека целото општество се наоѓа „во заложништво на криминалната банда на власт“.

Според Заев, општеството може да се ослободи само ако сите застанат зад демократските начела и принципи содржани во платформата.

Лидерот на СДСМ ги повика сите граѓани, граѓански организации и политички партии да не учествуваат на изборите на 5 јуни.

„Изборите мора да бидат регуларни, фер и демократски! Во Македонија ќе се одржат регуларни, фер и демократски избори откако ќе се надминат клучните проблеми преку прочистување на избирачкиот список, спроведување на реформа на медиумите и прекинување на притисоците и заплашувањата врз гласачите. Медиумите мора да бидат слободни и објективни! Медиумите се столб на секое слободно општество и гласноговорници на демократијата. Заробените медиуми во Македонија може да се ослободат само со реформи што ќе обезбедат професионално, избалансирано и независно работење на медиумите. Реформи за враќање на улогата на МРТВ како јавен сервис за транспарентно финансирање на медиумите. Реформи за заштита и поддршка на новинарите во професионалното извршување на работата. Борбата против криминалот и корупцијата мора да биде бескомпромисна! Криминалот и коруцпијата го киднапираа системот, ги заробија државните институции и им донесоа несигурност и сиромаштија на граѓаните. Целосна поддршка на работата на независната институција СЈО. Департизирана полиција во служба на граѓаните. Независна агенција за борба против корупцијата. Силно граѓанско општество како гласен борец против злоупотребите. Институциите мора да бидат независни! Ослободувањето на државните институции е клучен услов за „демонтирање“ на криминалниот систем кој ја зароби државата. Ова се начелата во кои веруваме и нема да отстапиме од нивното исполнување. Во името на овие принципи на демократска Македонија, ги повикуваме сите граѓанки и граѓани, сите граѓански организации и политички партии да не учествуваат на нелегитимните избори кои авторитарниот режим сака да ги одржи на 5 јуни 2016 година“, изјави Заев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...