fbpx

За Словенија на помош заминуваат 100 македонски војници

Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме формалната одлуката за испраќање на 100 војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска

-

Денеска на седница на Влада ќе ја донесеме формалната одлуката за испраќање на 100 војници од различен состав кои ќе одговорат на потребите на словенечката армија, изјави министерката за одбрана Славјанка Петровска

Таа, исто така, рече дека војниците ќе бидат ставени на располагање на словенечката армија за расчистување на теренот во Словенија по катастрофалните поплави кои претходните денови ја зафатија земјата и во кои загинаа најмалку 6 лица, а штетите се проценуваат на неколку милијарди евра.

Петровска рече дека војниците се подготвени да заминат уште денеска, но дека најверојатно ќе тргнат рано изутрина.

„Жалам што во изминатиот период за ова се изнесуваа лаги, невистини и шпекулации во македонската јавност дека доцниме со помош. Од првиот момент кога се случи несреќата во Словенија и поплавите, ние стапивме во контакт и јас со мојот колега и претседателот и премоиерот и сите министри и ја понудивме нашата несебична поддршка. Од нивна страна ни беше одговорено дека штом направат проценка, ќе ни одговорат на нашите барања и во вчерашниот ден преку системот за помош и поддршка за кризни ситуации и на НАТО и на ЕУ беа доставени барања, на што ние веднаш одговоривме“, рече Петровска.

Медиумите веќе пренесоа дека Љубљана бара од Северноатлантскиот пакт, меѓу другото, да испрати 200 војници на НАТО кои би помогнале на лице место во пружање помош на населението, спасувачки операции и други задачи. Преку механизмот на ЕУ за помош при катастрофи, Словенија побара од другите членки на Унијата во најкус можен рок да испратат 30 багери, 30 парчиња специјална механизација за регулирање на протокот на вода, односно испраќање инженерски тимови кои треба да управуваат со оваа опрема во поплавените подрачја.

На словенечкиот список со желби од ЕУ и НАТО има и 20 понтонски мостови долги до 40 метри. Од НАТО Словенците очекуваат и пет воени хеликоптери со поголема носивост (најмалку пет тони) за транспортни цели. Најголема материјална штета досега е регистрирана на патната и енергетската инфраструктура, а оштетени или уништени се неколку стотици станбени објекти.

Словенија се бори со штетите од најтешката природна катастрофа во земјата, се бара помош од ЕУ и од НАТО

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...