За една недела нови 7.280 позитивни случаи на ковид-19, бројот на заболени зголемен за 25,5 отсто

-

Министерството за здравство денеска информира дека според извештајот на Институтот за јавно здравје, во периодот од 2 до 8 ноември годинава, тестирани се вкупно 19.719 материјали во лабораториите за молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2, за 13,3 отсто повеќе во однос на една недела претходно. При тоа се регистрирани 7.280 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е зголемување од 25,5 отсто во споредба со претходната недела.

„Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (44,7 отст), со неделна инциденца – 527,2/100.000. Во наведениот период, процентот на позитивни од тестирани лица изнесува 37 отсто. Регистрирани се заболени од сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група од над 60 години (21,2 отсто). Голем број заболени има и кај лицата од возрасните групи од 30 до 39 години (19,9 отсто), потоа од 40 до 49 (19,3 отсто), од 50 до 59 (19,2 отсто) и од 20 до 29 години (15,0 отсто). Најмал број е регистриран кај децата од 0 до 9 години (1,6 отсто) и од 10 до 19 години (3,5 отсто)“, соопштија од Министерството за здравство.

Според полот, пријавени се 3.758 (51,6 отсто) лица од машки и 3.522 (48,4 отсто) од женски пол. По добиени два негативни теста, како оздравени се водат 3.114 лица, кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, што е 852 лица повеќе во однос на претходната недела. Пријавени се 127 смртни случаи од 22 града, што претставува зголемување од 41,1 отсто во однос на минатата недела.

Во однос на возраста, од починатите лица, 94 пациенти имале над 60 години, 19 лица биле на возраст од 50 до 59 години, 9 смртни случаи се пријавени од возрасната група 40-49 години, 4 случаи од 30 до 39 години и еден случај на лица на возраст од 20-29 години. Од смртните случаи, епидемиолошки се истражени 120 или 94 отсто.

 

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи...

Прилепчанецот што уби татко и син легално поседувал оружје и претходно пукал во кафеана

Прилепчанецот Петар Ѓ. (62), кој завчера ги уби својот внук од сестра и неговиот малолетен син, а потоа се самоуби по вооружен судир со полицијата, и во минатото бил пријавен за...

Филипче: Македонија не смее да биде жртва на дезинформациски кампањи

Претседателот на СДСМ и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешната седница на која се презентираше Програмата и приоритетите на Данското претседателство со Советот на Европската унија, се...

Фронт 21/42: Охрид е дел од идентитетот, но упорно се уништува со криминал и корупција

Охридскиот Регион е значаен дел од нашиот идентитет, но неговите вредности веќе три децении безмилосно ги обезличуваат и уништуваат криминалот и корупцијата, кои се под заштита на институциите, велат од граѓанската...

Кинескиот кредит за автопатот Кичево – Охрид ќе расте, рокот ќе се продолжи

За автопатот Кичево – Охрид ќе бидат потребни дополнителни средства, но по сѐ изгледа и неколку месеци повеќе до целосното пуштање во употреба. Ова денес го соопшти премиерот Христијан...