fbpx

Вучиќ го предложи Милош Вучевиќ за нов претседател на СНС

Тој најави дека од утре ќе почне да формира ново движење и дека ќе остане во партијата додека е жив. Вучиќ рече дека тоа движење ќе биде пошироко од СНС и дека има намера  во него да учествуваат и оние што не се во партијата со која до сега раководеше, но не прецизираше кого ќе покани

-

Претседателот на Србија и лидер на владејачката Српска напредна странка (СНС), Александар Вучиќ, денеска на партиското Собранието што се одржува во Крагуевац поднесе оставка од својата партиска функција.Тој за нов лидер на партијата го предложи Милош Вучевиќ, пренесе Н1.

„Што да ви кажам за нашиот Милош, знам дека е со нас од почеток, дека најдобро знае што е партијата, знам колку го сака СНС, го познавав и татко му кој беше еден од најпочитувани адвокати, заедно со таткото на Маја Гојковиќ, во Нови Сад, знам од колку добро семејство е, знам колку е лојален на СНС, но и на идејата за независна, независна и просперитетна Србија, Сигурен сум дека со моја и ваша поддршка ќе може да заврши одлична работа, да работи уште понапорно и уште посилно“, рече Вучиќ образложувајќи го својот предлог.

Тој најави дека од утре ќе почне да формира ново движење и дека ќе остане во партијата додека е жив. Вучиќ рече дека тоа движење ќе биде пошироко од СНС и дека има намера  во него да учествуваат и оние што не се во партијата со која до сега раководеше, но не прецизираше кого ќе покани.

Вучиќ беше избран за претседател на СНС во мај 2012 година, кога партијата дојде на власт. Тој заедно со Томислав Николиќ, кој исто така беше претседател на Србија ја основаа партијата, а пред тоа, и двајцата беа високи функционери на десничарската Српска радикална партија, на чело со хашкиот осуденик  за воени злосторства Воислав Шешељ.

Вучиќ се повлекува од лидер на СНС, од утре ќе бил претседател на сите граѓани

Вучевиќ кој ја извршува функцијата вицепремиер на Владата на Србија и министер за одбрана, по професија е правник. Три пати беше градоначалник на Нови Сад, каде е и роден на 10 декември 1974 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...