fbpx

Отворена хибридна сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија

Ковачевски рече дека станува збор за најсовремена опрема, техника каде што се работи со најсовремени методи и благодарение на тоа пациентите ќе добијат и услуга каква што се добива во западно европските држави

-

Здравјето на граѓаните е најважно, изјави премиерот Димитар Ковачевски, при денешното отворање на хибридна операциона сала на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија која овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација и таканаречена минимално инвазивна хирургија.

„Денеска правиме еден голем успешен исчекор во следење на современите медицински трендови, што само говори за нашата сериозност како Влада, дека во наш фокус е зајакнување на јавното здравство, инвестирање во човечки ресурси, модернизирање на болниците“, рече Ковачевски.

Тој нагласи дека пациентите се во центарот на здравствените реформи и заслужуваат најдобар, најсовремен, болнички третман, навремено лекување и рана дијагностика.

Ковачевски рече дека станува збор за најсовремена опрема, техника каде што се работи со најсовремени методи и благодарение на тоа пациентите ќе добијат и услуга каква што се добива во западно европските држави.

„Јас утрово, го посетив пациентот на кој вчера му беа извршени интервенции, во хибридната сала и тој се чувствува добро, набрзо ќе замине дома и многу брзо ќе се врати на неговото секојдневие. Хибридната операциона сала овозможува хирургија со малку компликации, брз опоравок, кратка рехабилитација, таканаречена минимално инвазивна хирургија. Ваквите процедури, покрај медицинската оправданост секогаш се преферираат од страна на пациентот. На тој начин тој побрзо се враќа на секојдневниот живот и во истовреме клиниката троши помалку средства во неговата рехабилитација“, рече Ковачевски и им посака многу успех на докторите во користењето на новата сала.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...