fbpx

Вучиќ се повлекува од лидер на СНС, од утре ќе бил претседател на сите граѓани

Ова е последна вечер кога зборувам како претседател на СНС“, рече Вучиќ на митингот во Белград, додавајќи дека од утре СНС на чело ќе дојде некој друг, а тој ќе биде само „претседател на сите граѓани“, а не и претседател на политичка партија

-

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на вечерашниот митинг наречен „Србија на надежта“ соопшти дека од утре нема да биде претседател на неговата партија, Српската напредна странка (СНС).

„Ова е последна вечер кога зборувам како претседател на СНС“, рече Вучиќ на митингот во Белград, додавајќи дека од утре СНС на чело ќе дојде некој друг, а тој ќе биде само „претседател на сите граѓани“, а не и претседател на политичка партија.

Тој најави и дека ќе остане „верен и лојален“ член на СНС.

„Не грижете се, јас не одам никаде. Заедно ќе се бориме за Србија“, рече Вучиќ, а пренесоа српските медиуми.

На почетокот на митингот во Белград имало силен дожд, па дел од толпата почнала да се разбегува, уште пред тој да излезе на бината.

На митингот дојдоа автобуси од сите краишта на Србија, но и од Македонија и Република Српска во Босна и Херцеговина, кои утринава се упатија кон Белград за митингот кој се одржува по неколку масовни протести на опозицијата и на граѓаните против владејачката гарнитура.

Бесплатно, во полни автобуси, симпатизери на Вучиќ се мобилизираат за вечерашниот митинг во Белград

Вучиќ митингот го започна со едноминутно молчење за жртвите од двете масовни убиства што се случија во Белград на почетокот на мај. Тој ја повика опозицијата која ги организира протестите „Србија против насилството“ на дијалог, но порача и дека нема да има привремена влада и промена на власта.

Говорејќи за инцидентите што се случија денеска во Звечан на северот на Косово, Вучиќ рече дека на Косово немало посериозна или поголема криза од оваа во моментот и најави дека утре на Советот за национална безбедност ќе се разговара за она што се случува и ќе се случува на Косово.

Остри реакции од меѓународната заедница за денешните немири на Косово

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...