fbpx

Вучиќ нареди да не се излегува во јавност со информации за оружјето

-

По двата случаи со пронајденото оружје и муниција за три дена и по денешната лажна дојава за подметната бомба во белградската населба Белвил, во која се наоѓа и станот на Александар Вучиќ, премиерот на Србија наложи надлежните безбедносни органи да не излегуваат во јавност со информации за тие случувања.

Вучиќ, како што пренесоа медиумите, денеска не дојде на работа во просториите на владата, ги откажа и сите состаноци, а неговите соработници велат дека не знаат каде се наоѓа и што е причината за неговото отсуство.

Медиумите неофицијално пренесоа дека во согласност со наредбата на Вучиќ, информациите за оружјето пронајдено во саботата близу неговата куќа и вчера во една гаража во Нов Белград, нема да бидат изнесени во јавност сè додека истрагата не заврши.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...