fbpx

Вратени камионите на македонските транспортери кои беа запленети во Украина

-

На македонските транспортери, кои заглавија на Украинско-полската граница, им се вратени камионите и стоката која ја превезувале. Камионите, како што информира Министерството за надворешни работи, претходно беа запленети од украинските власти.

„Ја информираме јавноста дека по многубројните активности преземени од страна на Министерството за надворешни работи и нашите амбасади во Полска и Украина, како и благодарение на соработката од страна на украинските надлежни институции, на транспортерите на камиони на граничниот премин меѓу Украина и Полска – „Јагодине“ им беа вратени камионите и превезуваната роба, што претходно беа запленети од страна на украинските локални власти“, се вели во соопштението на МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дневната евтина струја се враќа утре за околу 200.000 домаќинства, останатите ќе почекаат

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски најави дека од утре од 13 до 15 часот домаќинствата ќе имаат на располагање и плаќаат дневна евтина тарифа за електрична...