fbpx

Воз со нафта излета од шините

-

Товарен воз кој превезувал нафта, излета од шините во близина на местото Мозир, на околу 110 километри источно од најголемиот град во американската сојузна држава Орегон, Портланд.

При несреќата, од вагоните истекло поголемо количество нафта и избувнал пожар во близина на брегот на реката Колумбија, соопшти железничката компанија „Јунион Пацифик“.

Нема инфромации за повредени лица при несреќата.

Според компанијата, при несреќата од шините излетале 11 од вкупно 96 вагони во железничката композиција.

Возот пренесувал нафта од местото Истпорт во Ајдахо до Такуома во државата Вашингтон.

Американските медиуми јавија дека истечената нафта од вагоните не ја загадила водата во реката Колумбија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ЈСП: Неделен возен ред на велигденските празници

ЈСП соопшти дека од утре, петок, до понеделник јавниот превоз јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред. Утре ќе има исклучок за линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55,...