четврток, 12 ноември, 2026
Meta.mk

Ознака: шини | 10 резултати

Во судир на возови во Полска 28 лица се повредени

31 август 2017

Во судир на патнички и на товарен воз на северот на Полска, повредени се 28 лица, соопшти денеска Железницата во Полска. Патничкиот воз налетал на товарна композиција во градот Сметово Граничне. Од 11 вагони на патничкиот воз, седум излетале од колосекот. Никој од повредените не е во животна опасност.

Двајца загинати и седум повредени во железничка несреќа кај Солун

14 мај 2017

Најмалку две лица загинаа и седум се повредени откако патнички воз синоќа излета од шините на 30-тина километри од Солун, во местото Адендро. Притоа еден вагон удри во двокатна куќа. Во вагонот што излетал од шините имало 70 патници кои патувале од Атина кон Солун, извести грчката железница „Траиносе“. Еден вагон удрил во куќа, а […]

Најмалку 32 загинати во железничка несреќа во Индија

22 јануари 2017

Најмалку 32 лица загинале, а околу 100 се повредени во железничка несреќа во Индија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на информации од индиски официјални претставници. Несреќата се случила кога седум вагони и локомотива од патнички воз излетале од шините во областа Кунера, недалеку од границата меѓу државите Одиша и Андра Прадеш. Портпаролот на железницата за агенциите […]

Воз со нафта излета од шините

4 јуни 2016

Товарен воз кој превезувал нафта, излета од шините во близина на местото Мозир, на околу 110 километри источно од најголемиот град во американската сојузна држава Орегон, Портланд. При несреќата, од вагоните истекло поголемо количество нафта и избувнал пожар во близина на брегот на реката Колумбија, соопшти железничката компанија „Јунион Пацифик“. Нема инфромации за повредени лица […]

Патнички воз на релација Скопје – Битола излетал од шини, нема повредени

10 јануари 2016

Патнички воз, кој сообраќал на релација Скопје – Битола, синоќа околу 22 часот излетал од шините откако наишол и удрил во одрон од камења и од земја кои биле на самата пруга, информира МВР. Во случајот, како што информираат оттаму, нема повредени патници, ниту возен персонал. Насреќата се случила на делот од пругата меѓу железничките […]

Воз излета од шините кај Демир Капија

19 ноември 2015

Kај Демир Капија, утрово, во 8.20 часот, воз излета од шините. Нема повредени и причиниета е мала материјална штета. Вртејќи кај скретницата, возот излетал од шините и во моментов екипи од МЖ и од други институции вршат увид за да ги утврдат причините за незгодата. Во прекин е железничкиот сообраќај.

Страна 1 од 1