fbpx

Воспоставени дипломатски односи со Јужноафриканската Република

Јужноафриканската Република е 182 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи

-

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и министерката за надворешни работи на Јужноафриканската Република, Наледи Пандор, потпишаа Заедничко коминике за воспоставување дипломатски односи меѓу двете земји, во рамки на 78-то заседание на Генералното Собрание на Обединетите нации во Њујорк, соопшти македонското МНР.

„Воспоставувањето дипломатски односи меѓу Северна Македонија и Јужна Африка ги потврдува нашите заложби за градење пријателски односи и партнерства и со географски оддалечените земји. Отворањето ново поглавје во билатералните односи меѓу двете земји нуди дополнителни можности за развој и на економските и бизнис врски, како и зајакнување на соработката на мултилатерално ниво”, истакна Османи.

Јужноафриканската Република е 182 земја со која Северна Македонија има воспоставено дипломатски односи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Шарл Мишел: Украина би можела да стане членка на ЕУ до 2030 година

Украина би можела да стане членка на ЕУ во 2030 година, ако сите услови за тоа бидат исполнети, порача претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел во интервју за германски...