fbpx

Вооружени напаѓачи упаднаа во телевизија во Триполи

-

Вооружени напаѓачи упаднале во седиштето на телевизиската станица „Ал Наба“ во центарот на Триполи, го прекинале емитувањето на програмата и ги натерале вработените да ја напуштат зградата, јавува „Гардијан“, повикувајќи се на изјави на двајца новинари на локалната телевизија.

Никој не е повреден во вчерашниот инцидент, рекле новинарите и додадоа дека напаѓачите веројатно се приврзаници на Владата на национално единство, која има поддршка од ОН.

Премиерот на Либија од Владата на национално единство, Фајез ал Сараџ вчера стигна во Триполи.

Сараџ морал да патува преку море од Тунис, затоа што либискиот воздушен простор наводно е блокиран од владата сместена во Триполи.

Либија се наоѓа во долгогодишна состојба на превривање после Арапската пролет во 2011 година, која доведе до граѓанска војна и симнување од власт на лидерот Муамер Гадафи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Репортери без граници: Македонија најдобра од земјите во регионот, дезинформациите остануваат проблем

Македонија годинава се искачи за две места погоре според Индексот на слобода на медиумите на „Репортери без граници“, со што е рангирана најдобро од земјите во регионот. Земјава се...