fbpx

Во војнички униформи и вооружени со гасни пиштоли се обиделе да ограбат илегални мигранати

-

Кумановската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на селото Брзак, осомничени дека се обиделе да ограбат единаесетмина илегални мигранти од Сирија и од Палестина, соопшти полицијата.

Осомничените К.И. (51), Д.И. (30) и А.Ј. (21), се товарат за кривично дело разбојништво.

Според полицијата, тие во саботата, на 21 март, маскирани и облечени во војнички униформи, заканувајќи се со гасни пиштоли, се обиделе да ограбат девет сириски и два палестински мигранти, во близина на железничката станица во селото Брзак. Но, при обидот, дошло до физичка пресметка меѓу мигрнатите и осомничените, откако еден од нив истрелал куршум од пиштолот.

Од полицијата, додаваат дека судија на претходна постапка на осомничените им одредил мерка притвор од 30 дена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...