вторник, 15 септември, 2026
Meta.mk

Ознака: илегалнимигранти | 26 резултати

Камерон: Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите

јули 30, 2015

Велика Британија нема да стане „безбеден рај“ за мигрантите во Кале, изјави британскиот премиер, Дејвид Камерон, по обидите на стотици мигранти да го минат тунелот под Ла Манш и да стигнат до островот. Премиерот Камерон ги предупредил илегалните мигранти дека ќе бидат остранети од Велика Британија. Од друга страна, дел од мигрантите, пак, за „Би-Би-Си“ […]

Викендов издадени нови 2.208 потврди на илегални мигранти

јули 20, 2015

Изминативе три дена, Министерството за внатрешни работи издало 2.208 потврди за искажана намера за поднесување барање азил на странски државјани кои илегално влегле на македонска територија. Како што информираат од МВР, од почетокот на издавање на потврдите, односно со стапувањето на сила на измените на Законот за азил и привремена заштита на 19 јуни, заклучно […]

Армијата ќе ѝ помага на полицијата околу транзитот на мигрантите

јули 16, 2015

Македонската армија ќе ѝ помага на полицијата во обезбедувањето на граничните појаси и на коридорот 10 по кој транзитираат илегалните мигранти преку територијата на земјата, соопшти претседателот и врховен командант, Ѓорге Иванов, при денешната посета на граничната линија со Грција. Иванов истакна дека помошта на Армијата е неопходна и дека мора да ѝ се излезе […]

До денеска издадени потврди за барање азил на 12.175 мигранти

јули 13, 2015

Изминативе три дена, врз основа на измените и дополнувањето на Законот за азил и привремена заштита, Министерството за внатрешни работи (МВР) издало 1.706 потврди за искажана намера за поднесување барање за азил во Македонија на странски државјани кои илегално влегле на територијата на земјата. Како што соопштуваат од МВР, од донесувањето на измените на Законот […]

Билатерални средби на Чавков на министерскиот состанок во Луксембург

јули 10, 2015

Министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во рамките на неформалниот состанок на министрите за правда и за внатрешни работи на Европската унија (ЕУ), кој се одржува во Луксембург, на билатералните средби со свои колеги, предложил конкретни решенија за зголемување на соработката меѓу државите во врска со приливот на илегални мигранти кои транзитираат по балканската рута на […]

Акција на полицијата во кумановско Ваксинце

јуни 11, 2015

Полицијата од утрово спроведува акција во кумановското село Ваксинце, каде илегално се сместени голем број мигранти. Според „24 Вести“, која се повикува на МВР, акцијата во Ваксинце е завршена и, според првичните информации, во селото биле откриени повеќе од 100 мигранти, од кои дел биле сместени во куќи. Против жители на Ваксинце, за кои ќе се […]

Откриени 18 илегални мигранти во товарен воз

јуни 8, 2015

Патролен тим од полициската станица за гранично надгледување и граничниот премин Богородица, во саботата викендов, откриле 18 илегални мигранти, сокриени во камионска приколка, товарена на еден од вагоните на товарниот воз, кој сообраќал на линијата од Солун до Ламбах, Република Австрија, соопшти МВР. Mигрaнтите, како што стои во соопштението на МВР, биле откриени „при извршување […]

„Би-Би-Си“: Мигрантите во Македонија ги киднапираат, ги силуваат и ги тепаат

јуни 5, 2015

Неколку организации за човекови права оценија дека Македонија станала едно од „најлошите места за мигрантите во Европа“, јавува „Би-Би-Си“. Добротворната организација „Лекари без граници“ вели дека најмалку 300 лица секојдневно преминуваат од Грција во Македонија на својот пат кон Европа. – Дури и македонската полиција нè ограбува, ни ги земаат нашите пари и документи и […]

Фатени осум илегални мигранти од Сирија

април 25, 2015

Полициски службеници од Полициската станица за гранична патрола и гранична надлежност – Богородица, вчера во 22 часот, на клучката во село Смоквица, забележале лице како товари мигранти во патничко моторно возило „бе-ем-ве“ со скопски регистерски ознаки и се упатува кон селото Удово. Полицијата се обидела да го запре возилото, но возачот ја зголемил брзината и […]

Најмалку 14 мигранти загинале во несреќа на пругата Велес – Скопје

април 24, 2015

Најмалку 14 илегални мигранти загинале откако синоќа во нив удрил воз на пругата Велес – Скопје, пренесуваат медиумите. Трагедијата, според првичните информации, се случила во близина на стојалиштето Пчиња, кога меѓународен воз налетал на 50-члена група што се движела во правец кон Белград. Како што пренесува „24 Вести“, теренот каде се случила несреќата бил непристапен и спасувачките […]

Родос: Тројца загинати при превртување на брод со мигранти

април 20, 2015

Три лица загинаа, од кои едно е дете, откако брод со илегални мигранти се превртел кај грчкиот остров Родос. Крајбрежната стража соопшти дека засега не се знае колку патници имало на бродот, кој испловил од Турција. Најмалку 83 лица се спасени, од кои 23 се хоспитализирани. Спасувачките екипи сè уште трагаат по евентуално преживеани мигранти.

Во војнички униформи и вооружени со гасни пиштоли се обиделе да ограбат илегални мигранати

март 24, 2015

Кумановската полиција поднела кривични пријави против тројца жители на селото Брзак, осомничени дека се обиделе да ограбат единаесетмина илегални мигранти од Сирија и од Палестина, соопшти полицијата. Осомничените К.И. (51), Д.И. (30) и А.Ј. (21), се товарат за кривично дело разбојништво. Според полицијата, тие во саботата, на 21 март, маскирани и облечени во војнички униформи, […]

Откриени 19 илегални мигранти

март 9, 2015

Полициски екипи вчера, при контрола на возила, во два одделни случаи откриле вкупно 19 илегални мигранти, информираат од МВР. Во едниот случај, екипа од полициската станица за граничен надзор Михајлово, синоќа, околу 20.30 часот, на патот Неготино – Градско, запрела камион „ивеко“ со полуприколка, што го управувал Е.Б. (37) од Прилеп, а во кое биле […]

Унгарија: Приведени 880 илегални мигранти од Косово

февруари 9, 2015

Унгарската полиција во текот на вчерашниот ден привела 937 мигранти кои илегално ја преминале српско-унгарската граница. Како што јавуваат локалните медиуми, 880 од имигрантите се косовски Албанци, додека останатите се Авганистанци, Конгоанци, Сиријци и по еден жител на Гана и на Нигерија. Во последните три дена унгарската полиција привела повеќе од 2.000 илегални мигранти, од кои […]

Велешанец осомничен за разбојништво над сириски мигранти

јануари 27, 2015

Дваесет и четиригодишен велешанец е осомничен дека заедно со уште две засега непознати лица, во ноември минатата година, извршил разбојништво над тројца илегални мигранти од Сирија, информираат од полицијата. Станува збор за К.Г. (24), против кој СВР Велес, во соработка со надлежното основно јавно обвинителство, поднел пријава за разбојништво. Според полицијата, кон крајот на ноември […]

Тројца разбојници ограбиле илегални мигранти во Куманово

декември 22, 2014

Седуммина сиријски државјани, илегални мигранти, викендов биле ограбени од тројца разбојници во близина на автобуската станица во Куманово, информираат од МВР. Според полицијата, во саботата околу 17.30 часот, седумте сиријски државјани, откако се симнале од автобус на станицата во Куманово, ги пресретнало непознато лице, кое им се понудило да им го покаже патот за Србија […]

Приведени тројца возачи и поголема група илегални мигранти

декември 15, 2014

Полициски екипи вчеравечер во два одделни случаи привеле тројца возачи што превезувале поголема група илегални мигранти, соопшти МВР. Како што информираат оттаму, синоќа, околу 23.30 часот, на автопатот Демир Капија – Неготино, полициски службеници забележале две паркирани возила, автомобил „форд фиеста“ и товарно возило „фиат дукато“, во кое се качувала поголема група мигранти. Кога ги виделе […]

Јанкулоска: Загрижува регрутирањето странски борци во ИСИС

декември 12, 2014

Петнаесетина лица од Македонија, како доброволци – џихадисти, загинале во воените конфликти во Сирија и во Ирак, откако од средината на 2012 година било регистрирано заминувањето на лица од земјава во овие воени жаришта, било речено, меѓу другото, во обраќањето на министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, на министерскиот форум за внатрешни работи и за […]

Откриени четворица илегални мигранти

декември 3, 2014

Полициски службеници, вчера, при контрола на локалниот пат меѓу кумановските села Слупчане и Ваксинце, во автомобил со тетовски регистарски ознаки, откриле четворица сиријски државјани, кои нелегално престојувале во земјава. Како што информираат од полицијата, мигрантите, кои биле на возраст од 24 до 38 години, ги превезувал И.У. (55). По расчистувањето на случајот, против возачот ќе […]

Илегални мигранти, повторно жртви на железничка несреќа

ноември 14, 2014

Двајца сиријски државјани ги загубиле животите на железничката пруга Гевгелија – Табановце, кога во нив удрил товарен воз. Според полициските информации, несреќата се случила утрово, околу 1 часот, на железничкиот мост на реката Тополка, во Велес. Сиријските државјани, кои биле на возраст од 22, односно 23 години, починале на самото место. Јавен обвинител и екипа […]

Страна 1 од 2