fbpx

Во сите ковид центри во земјава се лекуваат 1.296 заболени од ковид-19, има слободни 160 болнички кревети

-

Во изминатите 24 часа вкупно 1.296 пациенти, позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава, а има околу 160 слободни болнички кревети, информира Министерството за здравство врз основа на извештаите кои пристигнуваат на дневна основа.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 42 нови пациенти поради компликации од ковид-19, а вкупно 463 лица сомнителни и потврдени на корона вирус се лекуваат на инфективните оддели во главниот град, при што голем дел од нив се на кислородна поддршка.

На скопските интерни клиники во последните 24 часа имало вкупно 21 прием, петмина на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ, 4 во ковид центарот на Клиниката за неврологија, 3 болни се хоспитализрани на Клиниката за дерматовенерологија, 1 на Клиниката за гастроентерохепатологија, 1 на Клиниката за очни болести, 1 пациент на Клиниката за нефрологија и 6 во новиот центар на Клиниката за уво, нос и грло. Во ковид центарот во ГОБ „8 Септември“ имало 11 нови приеми на пациенти, а на Инфективната клиника се примени 10 нови болни во текот на вчерашниот ден.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 30 оздравени пациенти.

И покрај големиот број на приеми во текот на вчерашниот ден, утрово до 8 часот имало 60-тина слободни места, а се очекува во тек на денот да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ „8 Септември“, соопштија од Министерството за здравство.

Во болниците во другите градови низ земјава се лекуваат 833 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот: во болницата во Битола се хоспитализирани 63 пациенти, во Штип 57, на инфективното одделение во Тетово има 46 пациенти, во Велес се лекува 61 пациент, а во Куманово 120. Во ковид центарот во Охрид се хоспитализирани 110 пациенти, во Прилеп 114, во Гостивар 57, а во Струга 29. Во болницата во Струмица лежат 79 пациенти, во Кочани 17, во Кичево 20, во Кавадарци 44, а во Гевгелија 16 лица позитивни на корона вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палевски екстрадиран во Македонија, ќе се одмотува клопчето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски

Со комерцијален лет од Истанбул, Турција на „Туркиш ерлајнс“, во 19.30 часот на Меѓународниот аеродром во Скопје беше екстрадиран Љупчо Палевски - Палчо, првоосомничен за двете монструозни убиства, на...