Во првите четири месеци од годинава, отстранети 1.587 непрописно паркирани возила во Центар

-

Со воведувањето на мерките со цел да се спречи ширењето на корона вирусот се намали движењето на човекот, а со тоа и неговите активности во сообраќајот. Јавното претпријатије „Паркинзи на општина Центар“ (ПОЦ) кое е задолжено за отстранување на неправилно паркираните возила на територијата на општина Центар, во периодот јануари – април годинава, отстранило вкупно 1.587 непрописно паркирани возила, имајќи ја превид ситуацијата со корона вирусот.

„Во јануари отстранети се 629 возила, во февруари 646, во март 311, а во април едно возило, бидејќи „Пајак“ службата на ПОЦ беше привремено затворена поради кризата со ковид-19 и работеше исклучиво за потребите на институциите“ – изјавија од Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ за Мета.мк.

Во овој период поставени се и 1.197 блокатори на сите возила кои се затекнати на резидентно паркиралиште, а не се корисници-резиденти на секторот во коjшто се паркирани. Од секојдневното санкционирање спроведено во соработка со Секторот за внатрешни работи Скопје, ПОЦ отствариле приходи во висина од 3.640.752 денари.

Податоците во последните четири години, вклучувајќи го и периодот јануари – април 2020 година, отстранети се 24.719 непрописно паркирани возила, со што се остварени придходи од 51.262.728 денари.

„Во споредба со минатите години, оваа година бројот на санкционирани непрописно паркирани возила е драстично намален заради кризата со ковид-19“ додаваат од ПОЦ.

Оттаму велат дека во 2020 година очекуваат и намалување на приходите поради корона кризата.

Намалената фрекфенција на движење на граѓаните поради епидемијата влијаеше и врз работењето на зонското паркирање во Скопје, за кое пишуваше Мета.мк. Податоците од ПОЦ покажуваат дека бројот на паркирани возила во центарот на Скопје во текот на март годинава e за два и пол пати помал во споредба со просечниот број на паркирани возила во претходниот период.

Велосипедистите и пешаците постојано критикуваат за непрописно паркирани возила кои го отежнуваат движењето во сообраќајот. Од здружението „НаТочак“ ја започнаа иницијативата Простор АнтиКорона со која побараа во сообраќајот да им се овозможи повеќе простор на велосипедистите и пешаците, а воедно да се намали сообраќајот со моторни возила.

Од Град Скопје ја соопштија информацијата за стеснување на постојните три коловозни летни на улицата Св. Кирил и Методиј, со што се добива нова велосипедска лента со ширина од 1,5 метри.

Во Кривичниот суд денеска сведочеше мајката на Вања Ѓорчевска

Во скопскиот Кривичен суд денеска Зорица Ѓорчевска, мајка на убиената Вања Ѓорчевска, кажа дека таткото на девојчето Александар Ѓорчевски, од првиот момент тврдел дека неговата ќерка е киднапирана, со...