fbpx

Во пожар целосно изгоре ученичкиот дом во Дебар

-

Рано утрово, во пожар целосно изгоре ученичкиот дом во дебарската населба Венец, кој долги години е надвор од функција и во него беа сместени неколку бездомни семејства, пренесува „Канал 5“.

Како што јавува телевизијата, пожарот избувнал околу 5 часот.

Засега нема информации за настрадани, а пожарникарите кои интервенирале веднаш по добиениот повик, успеале да спасат едно лице, на вториот кат на објектот, на кое веднаш му била укажана лекарска помош.

Во објектот повеќе од две години живееле три семејства.

Дебарската противпожарна бригада интервенирала со шест возила и со 15 пожарникари.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...