fbpx

Во Охрид се затвораат дуќани

-

Со секој нов ден, во охридската Стара чаршија се затвораат дуќани. Сликата е иста, само што е многу подрастична, во подалечните трговски центри. Наместо уредени излози, катанци на вратите, а на излозите соопштенија: „Се продава или издава“, „Затворено“, „Расподажба“ , „Тотална ликвидација“!

Довчерашните дуќанџии, причините ги гледаат во тешката економска криза, високите цени, но и во високите инспекциски казни. Кај дуќаните на најатрактивни позиции, причината се бара и во високата закупнина. Куповната моќ на потрошувачите сега преминала во „куповна немоќ“ зашто и покрај попустите, никој не влегува барем да види што се нуди и за која цена? Ова, велат, никогаш досега не се случило во Охрид. Чаршијата, наместо собиралиште на луѓето, сега претставува најпразното место во градот. Чаршијата, велат, никогаш не била попразна.

Тоа што дуќаните се затвораат, како да не ги загрижува градежниците. Во сите нови градби, и не само во централното градско подрачје, приземјата се продаваат како деловни простории. Дури и се драстично поскапи од станбените површини, иако се многу поевтини и поедноставни во градбата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...