fbpx

Во новиот земјотрес во Непал загинале 65 лица

-

Спасувачките екипи во Непал денеска се обидуваат да пронајдат преживеани во новиот земјотрес, во кој, според најновите податоци, настрадале 65 лица.

Земјотрес со јачина од 7,3 степени вчера во погоди Непал и предизвика лизгање на земјиште, поради што некои згради се урнале. Освен тоа, еден американски хеликоптер се води како исчезнат.

Спасувачките екипи сега се соочуваат со тешкотии за да им достават вода, храна и друга помош на жителите во загрозените места.

Непалската војска тргнала во акција за да ги пронајде американските маринци кои исчезнале на истокот на земјата. Во хеликоптерот имало шест маринци и двајца непалски војници.

Епицентарот на земјотресот бил на 76 километри од главниот град Катманду.

Во земјотресот, најсилниот што го погодил Непал во последните 80 години, пред три недели загинаа 8.000 лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...