fbpx

Во Либија уапсен лидер на ИД

-

Либиската милиција лојална на администрацијата во Триполи соопшти дека уапсила лидер на крило на Исламска држава во Сабрата, град кој американските сили го бомбардираа минатата недела.

Во соопштението на специјалните сили за одбрана, објавено на „Фејсбук“, се наведува дека Мохамед Сад ал Тажури е уапсен, а дека во вооружените судири се убиени неколку десетина припадници ИД.

Тажури е познат како Абу Сулејман.

Милицијата наведува дека Тажури го испратиле лидерите на ИД да ја преземе контролата над Сабрата. Во соопштението се наведува дека ќе биде објавена видеоснимка од неговото апсење и признание.

Исламска држава вчера се обиде да го заземе Сабрата со упад во седиштето на силите за безбедност, каде нејзините борци обезглавија 12 припадници на локалната милиција, односно Специјалните сили за одбрана.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Палестинските новинари се добитници на наградата на УНЕСКО за слобода на медиумите

Палестинските новинари беа добитници на наградата за слобода на печатот која ја доделува УНЕСКО за 2024 година по одлука на меѓународното жири составено од медиумски професионалци. Доделувањето на наградата се...