fbpx

Во ковид центрите се лекуваат 329 лица од ковид-19, има 575 слободни кревети

-

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 329 и има околу 575 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство, според податоците од последните 24 часа.

Во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 7 пациенти, а вкупно се лекуваaт 127 болни, сомнителни и потврдени за ковид-19.

На Институтот за ТБЦ во последните 24 часа немало приеми, во  ГОБ „8 Септември“ бил примен еден пациент, а 6 на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

Дома се пуштени 11 оздравени пациенти.

Во моментов во Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 48 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 60 пациенти. Бројот на приеми во изминатите денови се намалува и утрово до 8 часот имало 80 слободни кревети.

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 202 пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани 23, во Штип 21, на инфективното одделение во Тетово има 4, во Велес 15 болни, а во Куманово 38. Во ковид центарот во Охрид се лекуваат 25 лица, во Прилеп 15, во Гостивар 5, а во Струга 23 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 16 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 7, Кавадарци 6, а во Гевгелија нема хоспитализирани лица.

Поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти, информираат од Министерството за здравство.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Амнестијата за „Хашките случаи“ е направена во 2011 година од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

Во јули 2011 година Собранието со гласовите на тогашното владејачко мнозинство изгласа амнестија за четирите „Хашки случаи“. Тогаш парламентот со 63 гласа „за“ и 29 „против“ (опозициски пратеници) го усвои...