fbpx

Бислимоски: РКЕ има влијание врз 38 отсто од крајната цена на струјата

-

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) има надлежност за ревидирање на трошоците за електрична енергија во 38 отсто и во тој дел ќе ги преземеме сите законски дозволени мерки, да нема зголемување на крајната цена –со процесот на либерализација на пазарот на струја. Ова го посочи претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, на онлајн предавањето со студентите од Економскиот факултет при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.

Објаснувајќи ја методологијата за формирањето на цената на електрична енергија тој истакна дека главниот, доминантен дел од крајната цена на струјата ја одредуваат пазарните компоненти врз коишто РКЕ нема влијание. Тоа ее цената на електричната енергија што ја набавува универзалниот снабдувач, неговата маржа, определена на тендер од Владата, и цената на електричната енергија од обновливите извори на енергија.

„Од година во година РКЕ сѐ помалку има влијание врз цената на електричната енергија, согласно Законот за енергетика. Идејата на либерализацијата на пазарот на струја, е цената самостојно да се формира. Ние остануваме надлежни за формирање на цени за пренос и за дистрибуција, затоа што станува збор за регулирање на природни монополи кои немаат конкуренција и поради тоа секаде постојат регулаторните тела за определување на цени и овозможување на пристап на трети страни“, рече Бислимоски.

Тој додаде дека, кога ќе се спомене цената на струја, очите се вперени во РКЕ, но тоа суштински не е така. Бидејќи, трета година по ред РКЕ не ја регулира цената на електричната енергија произведена во ЕСМ, според Законот за енергетика. „Компанијата самостојно дава понуда на тендер за набавка на струја, од универзалниот снабдувач, ЕВН Хоме. Во овој период од годината нам ни пристигаат пресметки од сите енергетски компании, ние детално ги скенираме, а посебно ги гледаме реалните трошоци. Компаниите имаат тенденција да прикажат и трошоци кои не се поврзани суштински со процесот на обезбедување на струја, но тие не ги прифаќаме. Кога носиме одлуки, генерално, и за сите цени кои ние ги определуваме, ние не носиме одлука за да ја уништиме или збогатиме компанијата. Носиме одлука со која ги признаваме само оправданите трошоци и реалните инвестиции. Граѓаните мора да бидат заштитени и ние сме затоа тука“, посочи Бислимоски.

Темите кои Бислимовски ги презентираше пред студентите, беа начинот на кој се формираат методологиите за утврдување на цената на струјата, природниот гас и топлинската енергија, како и цената на нафтените деривати, од аспект на заштита на потрошувачите.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...