Извор на фотографија: Влада на РСМ

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 1.581 и има околу 440 празни болнички кревети во ковид центрите.

„Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти“, се вели во соопштението на Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 942 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 131 пациент позитивен и суспектен на ковид-19.

Во болницата во Штип се хоспитализирани 87 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 40 пациенти, во Велес се лекуваат 98 болни, а во Куманово 97 пациенти позитивни и суспектни на ковид-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 90 пациенти, во Прилеп 91, во ковид центарот во Гостивар 31, а во Струга 25 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 116 пациенти, во Кочани 30, во Кичево 32, Кавадарци 54, а во Гевгелија 20 лица позитивни и суспектни на корона вирусот.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 52 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Во последното деноноќие, на Интерните и хируршки клиники имало 21 прием.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 10 билe примени на Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден. Во Козле билe примени 4 нови болни, а исто толку пациенти биле примени на Клиниката за Детски болести. На Институтот за физикална медицина се примени 3 пациенти.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 57 оздравени пациенти.

Од Министерството за здравство велат дека бројот на приеми во изминативе денови во ковид центрите во Скопје е стабилен и утрово до 8 часот имало 113 слободни места.