fbpx

Во Ковид-центрите се лекуваат 1.422 пациента од корона вирус, има уште 520 болнички кревети

-

На инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава се лекуваат вкупно 1.422 пациента позитивни или под сомнеж за заразеност со корона вирусот, а бројот на болнички кревети што би се користеле за нови пациенти изнесува околу 520, соопшти Министерството за здравство, изнесувајќи ги податоците добиени во последните 24 часа.

Според пријавеното, во болниците низ земјава се лекуваат 824 пациенти со симптоми на ковид-19. Во  Битола се хоспитализирани 116 пациент, во Штип 68, на инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 86 болни, а во Куманово 93. Во ковид центарот во Охрид се на лекување 95 пациенти, во Прилеп 88, во Гостивар 27, а во Струга 20 болни. Во болницата во Струмица се хоспитализирани 59 лица, во Кочани 36, во Кичево 30, во Кавадарци 50, а во Гевгелија 19 лица.

Во изминатите 24 часа во Ковид-центрите во Скопје се примени на лекување 28 нови пациенти, а вкупно 598 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели.

На Интерните и хируршки клиники имало 13 приеми. Во ГОБ „8 Септември“ имало 7 приеми, 5 на Инфективната клиника, во Козле бил примен еден нов болен, 2 пациента на Клиниката за Детски болести, а на Институтот за физикална медицина има еден нов пациент. Дома се пуштени 42 оздравени пациенти.

Во моментов во ковид центрите на Интерните и на хируршките клиники има 235 пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ лежат вкупно 130 болни, на Клиниката за инфективни болести 143, во Институтот за белодробни заболувања кај деца Козле има 32 болни, на Клиниката за детски болести се 7 деца и 4 мајки, а на ГАК има 5 позитивни пациентки. На Институтот за физикална медицина и рехабилитација има 39 болни.

Утрово до 8 часот имало можност за прием на уште 140 пациенти во Ковид-центрите во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...