Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби | Автор: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.301 и има околу 190 празни болнички кревети во ковид центрите, од кои 40-тина во главниот град.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 821 пациент позитивен и суспектен на корона вирусот. Вкупно 480 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 37 нови пациенти поради компликации од корона вирусот.

Во последното деноноќие, на интерните клиники имало вкупно 15 приеми и тоа тројца пациенти биле хоспитализирани на Клиниката за нефрологија, тројца во ковид центарот на Клниката за Неврологија, два пациенти на Институтот за ТБЦ, четворица на Клиниката за дерматовенерологија и тројца на Очната клиника.

Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало девет нови приеми на пациенти. На Инфективната клиника во текот на вчерашниот ден се примени 13 болни.

Во изминатите 24 часа дома се пуштени 56 оздравени пациенти.

Во моментов на Кожната клиника во ковид центарот се лекуваат 24 пациенти, на Клиниката за неврологија 36 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 45 пациент со симтоми на корона вирусот, во ковид центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 19 пациенти, на Клиниката за очни болести 17 пациенти, а на ОРЛ 23 болни. На Клиниката за Гастроентерохепатологија лежат 25 пациенти.

Во ГОБ 8 Септември има вкупно 109 болни, на Клиниката за инфективни болести лежи 151 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 31 пациент и тоа 9 деца и 22 возрасни.

По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 82 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 56 пациенти.

На  инфективното одделение во Тетово има 44 пациенти, во Велес се лекуваат 55 болни, а во Куманово 111 пациенти позитивни и суспектни о на КОВИД 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 105 пациенти, во Прилеп 94, во ковид центарот во Гостивар 64, а во Струга 38 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 64 пациент, во Кочани 17 во Кичево 10, Кавадарци 56,  во  Гевгелија 18 лица, а во Дебар 7 позитивни  и суспектни на корона вирусот.