Извор на фотографија: Министерство за здравство

Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во Скопје и во болниците низ земјава е 318 и има околу 574 празни болнички кревети во ковид центрите, соопшти Министерството за здравство, според податоците од последните 24 часа.

Во болниците низ земјава на лекување се 181 пациент. Во Битола се хоспитализирани 17 пациенти, во Штип 19, на инфективното одделение во Тетово има 5, во Велес се лекуваат 17 болни, а во Куманово 34 пациенти. Во ковид центарот во Охрид се лекуваат 25 лица во Прилеп 12, во Гостивар 2, а во Струга 22 болни. Во болницата во Струмица има 13 пациенти, во Кочани 4, во Кичево 7, а во Кавадарци 4.

Во последното деноноќие во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 5 нови пациенти, а вкупно 137 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија. На Институтот за ТБЦ имало еден прием во изминатите 24 часа, во ГОБ „8 Септември“ двајца и двајца, исто така, биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби. Дома се пуштени двајца  оздравени пациенти. 

Во моментов, на Институтот за ТБЦ се лекуваат 19 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ има вкупно 50 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 68 пациенти. Бројот на приеми во изминатите денови се намалува и утрово до 8 часот имало 70 слободни места.