Во Косово запалени македонски знамиња поради затворските казни за „Диво Насеље“

-

Во знак на протест поради одлуката на скопскиот Кривичен суд за казните во случајот „Диво Насеље“, синоќа во косовските градови Гњилане и Пеќ јавно биле запалени македонски знамиња, пренесоа српските медиуми.

„Поради револт за неправдата сторена против нашите херои од словенската марионетска држава, го запаливме вечерва нивното знаме, тука пред споменикот на легендарниот Агим Рамадани – Катана во Гњилане. Ги повикуваме сите албански државници да се спротивстават на ова и да го заштитат албанскиот народ во Илирија. Албанија ќе го стори тоа“, порачаа од навивачката група „Соколи“ во Гњилане.

Кривичниот суд во Скопје вчера им изрече седум доживотни казни затвор, 13 казни по 40 години затвор, шест по 20 години, една од 18 години, две од 14, две од 13, две по 12 години затвор и четири ослободителни пресуди на обвинетите за настаните во кумановското Диво Насеље во мај 2015 година, во кои загинаа осуммина припадници на македонските безбедносни сили.

Ова не е првпат македонското државно знаме да биде запалено во Косово.

Македонското знаме беше запалено пред македонската амбасада во Приштина за време на протестите по пресудата за случајот „Монструм“, на почетокот на јули 2014 година. Тогашната претседателка на Косово, Атифете Јахјага, го оцени како „неприфатлив“ ваквиот чин и побара од полицијата и правосудните органи да ги откријат сторителите.

Една година подоцна, државното знаме на Република Макединија беше запалено за време на кошарски натпревар во Пеќ. Инцидентот се случи на 15 мај 2015 година, само неколку дена по настаните во кумановско Диво Насеље.

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Рудникот за олово и цинк Тораница од Крива Паланка ќе биде казнет со казна од 180.000 до 200.000 евра бидејќи во хаварија заради пукната цевка испуштил вода и ја загадил Крива...

Објавен конкурсот за прием на ученици во ученички домови

Министерството за образование и наука (МОН) го објави конкурсот за прием на ученици во некој од 17 јавни ученички домови низ државата. Учениците кои ќе ги исполнат условите ќе добијат сместување...

Европските лидери се согласија дека не е време за укинување на санкциите против Русија

Европските лидери ја потврдија својата поддршка за Украина на самитот во Париз и се согласија дека сега „не е време“ за укинување на санкциите против Русија, пренесе Гардијан. Францускиот претседател Емануел Макрон...

Хелсиншки комитет: Собранието да се консолидира и да почне да ја врши својата функција

„Се навршија речиси две недели од трагедијата во Кочани, а Собранието уште ги одложува своите седници, меѓу кои и седницата за пратенички прашања. Неприфатливо и неодговорно е пратениците да не одржуваат...

Рудникот Тораница ќе добие казна од 200.000 евра за загадување на Крива река

Рудникот за олово и цинк Тораница од Крива Паланка ќе биде казнет со казна од 180.000 до 200.000 евра бидејќи во хаварија заради пукната цевка испуштил вода и ја...