Во океанот во близина на брегот во Калифорнија, се излеале околу 80.000 литри нафта откако пукнала цевка на локалниот нафтовод.

Истекувањето се случило вчера попладне на брегот кај Санта Барбара и засега не е познато каков тип нафта истекла од нафтоводот.

На површината на морето сега има нафтена дамка долга шет и пол километри, широка педесетина метри, изјави портпаролката на крајбрежната стража, Андреа Андерсон.

Според неа, за цевките е одговорна компанијата „Плејнс ол американ“, која веќе почнала со чистење, а плажата Рефугио е затворена.