Дваесет и четири лица, од кои десет полицајци се повредени во експлозија на мина во Турција.
Несреќата се случила кога автобус нагазил на мина во турскиот округ Мардин, во близина на границата со Сирија.
Според дел од турските медиуми се работи за терористички акт на Курдската работничка партија (ПКК).