fbpx

Денеска се плива големиот охридски маратон

-

Дваесет маратонци денеска ја пливаат патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид долга 30 километри.
Учествуваат 10 мажи и исто толку жени од Република Македонија, Аргентина, Италија, Венецуела, Бразил, Бугарија, Канада, Германија, Хрватска, Русија и Шпанија. Практично, тоа е светската маратонска елита, а на освојување на високи места претендираат и македонските пливачи Томи Стефаноски и Евгениј Поп Арсов.

Организаторите на годинашниов 29-ти по ред маратон, се Меѓународната пливачка федерација-ФИНА, Македонската пливачка федерација, Општина Охрид и Капетанијата на пристаништата во Охрид.

Не случајно, во очи на пловачкиот маратон, реномираното светско списание за пливачкиот спорт „Swimming World Magazine“, објави текст под наслов „Охридското Езеро, локација на августовскиот гранд-при на ФИНА под еколошка закана“ („Lake Ohrid, Site of August FINA Grand Prix, Under Ecological Attack”), во кој пишува за еколошката опасност која му се заканува на Охридското Езеро.

Текстот упатува на актуелниот проблем со новите планови за урбанизацијата околу езерото и еколошките последици, но и повикува на поголема ангажираност од страна на ФИНА и пливачката заедница за справување со, како што го нарекува, актот на „еколошки тероризам“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...