На избирачкото место во детската градинка на улицата Коста Новаковиќ гласањето било прекинато откако на гласач, кому му биле дадени четири гласачки ливчиња, кога ги ставал во гласачките кутии, кај себе имал само три, односно му недостигало ливчето за советничка листа на Аеродром, потврдија од Општинската изборна комисија..
Гласачот бил повозрасен човек, кој две од ливчињата по грешка ги ставил во една кутија, така што немал ливче да стави во последната гласачка кутија. Ова било констатирано и од избирачката комисија, која ја отворила кутијата за да изврши увид и таму пронашла ливче со различна боја.
Во врска со овој настан бил направен и записник. Гласањето на ова гласачко место било прекинато до 10.15 до 10.45 часот, по што продолжило нормално.