fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не успева да ја сокрие својата деструктивност

-

СДСМ не може да се помири кога има позитивни придвижувања во државата и кога се реализираат проекти од полза на граѓаните, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на опозициската партија во врска со оперативниот план за вработување.

„СДСМ сè потешко успева да ја сокрие деструктивноста и основата на својата политика „колку полошо со народот, толку подобро за СДСМ“. Да ги потсетиме СДСМ дека невработеноста во Република Македонија оваа година се намали на рекордно најниско ниво на 25,5 проценти, за разлика од времето кога СДСМ беше на власт и изнесуваше повеќе од 38 проценти“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Владејачката партија наведува дека во изминативе години, од 2006 година до денес, се создадени услови и отворени се околу 150.000 работни места, а оти за време на владеењето на СДСМ повеќе од 200.000 граѓани биле на работ на егзистенцијата поради криминалната приватизација на 684 фабрики.

„Само во 2015 година, дури 30 странски инвестиции потврдија дека ќе отворат свои капацитети и ќе инвестираат во Република Македонија. „Делфлај“, „Џонсон контролс“, КСС, „Диатек макдиа“, „Техникал тексталј“, „Технохозе“, „Гентерм“, „Леар“, „Маркард“, „Антура“, како и македонските „Хај тек“ и „ТТ плус“, се само дел од компаниите што инвестираа во Република Македонија и ќе вработат илјадници граѓани“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ и се додава дека како што се наближуваат изборите, така сè повеќе ќе се зголемува и нервозата кај СДСМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...