fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да собере храброст и да овозможи локални и парламентарни избори

-

ВМРО-ДПМНЕ е партија која работи за граѓаните и државата и ги штити нивните интереси, додека СДСМ е синоним за деструкција и интриги, велат од ВМРО-ДПМНЕ во нивното редовно утринско соопштение.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ гради и создава за сите граѓани на Република Македонија, СДС влегува во нови интриги и манипулации со ветувањата на Зоран Заев за воведување на консензуална демократија. Додека ВМРО-ДПМНЕ работи за подобра иднина на сите, партнерите на Заев се пазарат колкав дел од тиранската платформа да се реализира, а колкав да остане во следната фаза“, се вели во партиското соопштение.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека СДСМ треба да собере храброст и што е можно побргу да овозможи редовни локални избори и предвремени парламентарни избори.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...