fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Му благодариме на СДСМ што ни ги промовира проектите

-

ВМРО-ДПМНЕ со соопштение реагираше на вчерашната прес-конференција на СДСМ, во кое тврди дека објавените разговори за проектот „Скопје 2014“ потврдуваат дека немало никаков криминал, туку оти има залагање за реализација на проекти што се од интерес на граѓаните.

„Би сакале да ти заблагодариме и што потсетуваш и ни ги промовираш проектите, новите повеќе од 300 автобуси со кои дневно се возат повеќе од 110.000 граѓани, новиот аква-парк, планот за изградба на модерен луна-парк, новите објекти кои се изградени за институциите да имаат седишта како секаде во светот и да не плаќаат скапи кирии како потстанари, што ти и со твоите монтирани материјали покажуваш дека сме луѓе кои се залагаат да се направат работи за да го подобрат животот на граѓаните и сме фокусирани да ги исполниме ветувањата што сме ги дале пред народот“, се вели во реакцијата во која ВМРО-ДПМНЕ му се обраќа на лидерот на СДСМ.

Партијата потсетува дека покрај денеска споменатите проекти, се изградени и 70-тина училишта и околу 350 се реновирани, набавена е модерната медицинска опрема, а инвестирано е и во инфраструктурата и отворени се повеќе од 130.000 работни места. Оттаму велат дека се загрижени од појавата да се даваат лажни воведи пред да се пуштат креираните материјали, со кои се демантираат ваквите воведи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...