fbpx

СДСМ со нова „бомба“: Груевски е главен архитект на „Скопје 2014“

-

Потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски, денеска во „Кампот на слободата“ пред Владата објави нови прислушувани разговори поврзани со владиниот проект „Скопје 2014“, во кои, како што рече, се слуша како Никола Груевски мести и разместува министерства, одредува фасади, балкони, мермери и малтери.

Во првиот разговор што денеска беше обелоденет, премиерот Никола Груевски зборува со Миле Јанакиески и бара за зградата на МНР да се даде некоја привремена, условна дозвола.

Јанакиески му вели дека половина државна администрација седи во објекти на диво затоа што не им се впишани објектите во катастар.

Во вториот разговор, премиерот Никола Груевски му кажува на Јанакиески дека сака балкони од два и половина метри за барокен хотел, а зад „Универзална сала“ сака да постави фонтана по примерот на некоја во Рим.

Во следниот разговор, тие зборуваат за тоа како ќе изгледаат новите автобуси на ЈСП. Груевски инсистира да има нешто портокалово, „како симбол на времето“ и прашува „дали ќе има телевизор“. Јанакиески му одговара дека не знае дали ќе има телевизор, а може рачките да бидат во портокалова боја, а му објаснува дека има радио, камери и озвучување.

Во следниот разговор Јанакиески и Груевски зборуваат за општинската зграда на Центар. Груевски го прашува зошто има 15 ката. Јанакиески му објснува дека дел ќе биде деловен простор, а само три ката ќе бидат општинска зграда. Груевски бара барок, ама да не биде некој „шугав“ барок.

Јанакиески и Груевски во уште еден од разговорите што беа објавени денеска, зборуваат за „шпанските скали“ во центарот на Скопје. Груевски прашува дали ќе им се дозволи зголемување и дека можеби сопственикот ќе го бара земјиштето, на што Јанакиески му одговара дека ќе одложуваат сè додека нивниот проект не биде готов.

Груевски и Јанакиески зборуваат за промена на фасадите. Во разговорот се вклучува и министерката Елизабета Канческа-Милевска, која бара Јанакиески да даде дозвола тие да бидат споменици на културата за да може да се менуваат.

Груевски во следниот разговор со Јанакиески зборува за зградата на АЕК, за која бара да се направи со мермер, а не со некој малтер кој личи на мермер, затоа што Агенцијата за електронски комуникации  има пари и може да си го дозволи тоа.

Во последниот разговор, Груевски зборува со Силвана Бонева, на која ѝ вели министерката за култура да не се појави на собраниската седница за пратенички прашања затоа што „ако прашуваат за „Скопје 2014“, ќе губиме“. Бонева бара некој да дојде на подготвителна седница за да им даде материјали и за да знаат како да настапат.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...