fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Министрите наместо на работа се во партиските штабови на СДС

-

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска ја обвини Владата дека ги користи државните ресурси за партиски потреби.

„Спротивно на закон, министрите, наместо на работа, за што се платени од граѓаните и земаат плата, се во партиските штабови на СДС. Наместо сопствени возила, тие користат државни ресурси“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата наведуваат дека власта продолжува да спроведува политичка хајка поради стравот од резултатите од претстојните локални избори.

„Дополнително продолжуваат со политичката хајка, паниката и стравот од пораз која се затскрива со измислени кривични пријави против градоначалници. Власта покажува неспособност да менаџира со процесот на избори. Секој ден паниката е сè поголема во редовите на СДС затоа што се ближи поразот од граѓаните“, се вели во соопштението и се додава дека граѓаните со пенкало в рака ќе се изборат за новата ера во Македонија.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

САД изрече стотици нови санкции насочени кон Русија

Американското министерство за финансии вчера изрече стотици нови санкции насочени кон Русија поради војната во Украина, како и санкции за компании и поединци во  земји како Кина, Белгија и...