fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е меѓу најмалку задолжените земји на континентот

-

„Македонија останува една од најмалку задолжените земји во Европа според „Еуростат“. СДСМ има проблем кога земјата не е задолжена како во нивно време“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на дополнителниот заменик-министер за финансии, Кире Наумов.

Од владејачката партија велат дека за СДСМ е несфатливо како е можно во Македонија постојано да се работи, да се реализираат проекти, притоа да се враќаат долговите што СДСМ им ги остави на граѓаните како свој единствен реализиран проект и, на крај, Македонија сепак да биде меѓу најмалку задолжените земји на континентот.

„Факт е и дека минатиот месец владата на ВМРО-ДПМНЕ ја отплати еврообврзницата на СДСМ вредна 150 милиони евра. На што ги потрошија во СДСМ овие пари? Факт е дека од времето на СДСМ се останати уште 40 активни кредити кои оваа влада ги отплаќа и ќе ги отплаќа. Кои се капиталните инвестиции на СДСМ? СДСМ нема одговор на овие прашања, иако граѓаните го заслужуваат. Затоа граѓаните им одговараат на лагите и на манипулациите на СДСМ веќе девет изборни циклуси по ред“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...