Али Ахмети рече дека ДУИ стои на ставот дека предвремените парламентарни избори треба да се одржат на 24 април затоа што во јуни се рамазанските пости, во јули – самитот на НАТО во Полска, а се очекува и зголемен прилив на мигранти.
– Без институционална организација, не може да ги изменаџираме овие ситуации. Имаме проблем со името и за членството во НАТО треба да се преговара, а ако датумот за избори се помести, ќе го загубиме самитот на НАТО. И не можеме да прифатиме друг датум бидејќи нашиот електорат го чека и постење зашто во јуни се рамазанските пости – изјави Ахмети.
Тој додаде дека Специјалното јавно обвинителство треба да работи професионално и поактивно и да го реши случајот со прислушувањето.