fbpx

ВМРО-ДПМНЕ: Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата

-

Без грам совест и грижа за иднината на земјата, злосторникот Зоран Заев јасно кажа дека во Македонија се поставени сериозни темели за украинско сценарио, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ по повод вечерашните протести во центарот на градот.

Во него се додава дека „дивите орди инструирани од Заев и од Сорос вечерва палеа и кршеа низ Скопје.“

– Хулиганите предводени и поттикнати од СДСМ ја напаѓаа полицијата и каменуваа сè што им се најде на патот. Идеите на налудничавиот Зоран Заев резултираа со повредени новинари и десетици искршени прозорци. Зоран Заев и СДСМ ќе одговараат за анархијата во која се обидоа да ја втурнат Македонија – се додава во соопштението.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...