fbpx

ВМРО-ДПМНЕ денеска во Битола, СДСМ во Штип, ДПА во Матејче

-

Политичките партии се во втората недела од изборната кампања за предвремените парламентарни избори закажани за 11 декември.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денеска ќе имаат митинзи во Демир Хисар во 17.30 часот, а централниот митинг ќе биде во Битола во 20 часот.

Караванот на СДСМ и на Коалицијата за живот во Македонија денеска ќе биде во Пробиштип во 17.30 часот и во Штип во 19 часот.

Митинг на Демократската партија на Албанците е закажан во Матејче во 18.30 часот.

Алијансата за Албанците денеска ќе биде во Брвеница во 18 часот и во Желино во 19 часот.

Коалицијата за промени и правда денеска ќе биде во Кочани во 18 часот, а Јове Кекеновски, носителот на кандидатската листа во изборната единица 2, ќе има прес-конференција во скопски Бутел во 12 часот.

Прес-конференција на коалицијата ВМРО за Македонија е закажана во Охрид во 11.30 часот.

Движењето Беса ќе ја посети Стопанската комора на Северозападна Македонија, која ќе им ја презентира својата економска платформа.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев

Претседателските кандидати Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова положија цвеќе на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св.Спас“, по повод 121 годишнината од неговото загинување. „Никој нема право да се...