fbpx

Сончево и студено време

-

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен северен ветер. Во текот на денот ќе дува ветер од северозападен правец. Во северозападниот дел од земјава ќе има услови за локален и краткотраен дожд и снег на повисоките планини.

Минималната температура ќе се движи од минус 10 до минус 2 Целзиусови степени, а дневната од 3 до 10 степени.

Во Скопје се очекува слично време со температура до 9 Целзиусови степени.

Утрово најстудено е во Берово, каде што се измерени минус 16 Целзиусови степени, во Крива Паланка минус 11, Лазарополе и Маврово минус 10, Крушево минус 9, Битола минус 8, Прилеп, минус 7, Тополчани, Претор, Пожаране, Виница, Демир Капија и во Штип минус 6, во Струмица, Дебар, Куманово, Ѓуриште и Охрид, во Скопје минус 5 и во Гевгелија и Дојран минус 1 Целзиусов степен.

Нови врнежи од снег нема, а формираната снежна покривка се движи од еден сантиметар во Пожаране, три во Штип и во Крива Паланка, четири во Лазарополе, шест во Битола и в Крушево, девет во Демир Капија, 10 во Ѓуриште, Тополчани, Берово и 22 сантиметри во Маврово.

Во наредните денови следува период на претежно стабилно време со ниска утринска температура, која ќе се спушти и под минус 8 Целзиусови степени.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...